Прага – Двајца чешки архитекти изработија нов концепт на облакодер прекриен со алги, а оваа структура која функционира на принцип на оџак би служела за прочистување на воздухот во градовите.
Во борбата против загадувањето на воздухот во градовите пред се се започнува со садење на дрвја. Тое е едноставно и поевтино решение, но овој тандем архитекти отиде подалеку.
Павлина Долежалова и Јан Смекал изработија систем кој комбинира структура од бетон со алги. Тие замислија облакодер прекриен со алги кој на принцип на оџак ќе го вшмукува загадениот воздух, ќе го прочистува и ќе го испушта на врвот. Влажноста на алгите би се одржувала со специјален систем за иригација.
Според замислата на авторите на проектот, овие облакодери оџаци би биле подигнувани на стратешки места во градовите и би го прочистувале загадениот воздух. (МИА)